13 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Домаќините без предност во првите три одиграни куп-средби

Најчитани вести

Попладнево се одиграа првите три натпревари од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија во кои домаќините не оставрија предност на ниту еден меч. Бранителот на трофејот Академија Пандев од Чаир си замина со минимална предност за реваншот на 4 март идната година со Шкупи, а Работнички и Ренова останаа непоразени на гостувањата кај Шкендија односно Стуга ТЛ.

Во Чаир стрелец на победничкиот гол за Академија Пандев беше „џокерот“ од клупата Темелков, кој својата прва шанса ја искористи да ја затресе мрежата на чаирчани во судиското надополнување и не му остави време за поправен. Шкупи преку Јурина во првиот дел не успеа да искорсити пенал.

Шкендија во десеттата меѓусебна пресметка со Работнички ја прекина низата од победи. Работнички се избори за реми (1:1). Шкендија поведе преку Жуниор, а Работничкин ја казни грешката на голманот Захов и израмни преку Стојков. Во Струга, мрежите меѓу истоимениот домаќин и Ренова мируваа, па ќе мора да се трест во вторите 90 минути во Тетово за да биде познат патникот во полуфиналето.

Последниот натпревар од првиот круг во оваа елиминаторна рунда Брегалница – Лабуништа започнува во 16:30 часот.

РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 1:1

(Жуниор 8 минута -Стојков 34 минута)

ШКУПИ – А.ПАНДЕВ 0:1

(Темелков 92 минута)

СТРУГА ТЛ – РЕНОВА 0:0

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести