10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Домашен пијалок за слабеење и прочистување на црниот дроб

Најчитани вести

Пред да посегнете по лекови, дајте им шанса на природните решенија. Еден од нив е домашниот пијалок направен од седум состојки.

Поради неправилна исхрана, прекумерно внесување шеќер и маснотии, црниот дроб е првиот што најмногу страда. Работата на црниот дроб е да ги обработува токсините, а кога се акумулираат премногу штетни материи, се појавуваат проблеми. Тоа е причината треба да се детоксицира телото од време на време.

Овој народен пијалок ќе го исчисти црниот дроб и ќе го снабди со вредни хранливи материи. Покрај тоа, може да го забрза метаболизмот и да поттикне губење на тежината.

Состојки:

  • 6 лимони
  • 3 грејпфрути
  • Корен од ѓумбир 9-10 см (или 5 лажици ѓумбир во прав)
  • 4 чешниња лук
  • неколку лисја свежо нане
  • половина литар чиста врела вода
  • 3 лажици масло од ленено семе
  • 1 лажичка ким во прав

Подготовка: Исцедете сок од лимон и грејпфрут во една чинија. Во блендер ставете ѓумбир, лук и нане и добро изблендирајте. Процедете ја смесата, по што добиенот сок (од ѓумбир и лук) измешајте го со сокот од лимон и грејпфрут, додадете вода, ким и масло од ленено семе. Измешајте сè заедно сè додека не стане компактно.

Пијте го пијалакот на празен стомак, откако ќе се разбудите, 2-3 пати неделно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com