-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

Доли Партон се облече во костимот на Плејбој зајачица со кој позираше пред 43 години

Најчитани вести

По 43 години, американската кантри-пејачка Доли Партон, повторно блесна како „Плејбој зајачица“, за нејзиниот сопруг.

Пејачката го облече истот костим како во 1978 година, кога позираше за познатото списание.

„Се сеќавате ли кога пред некое време реков дека ќе позирам за списанието „Плејбој“ кога ќе имам 75 ​​години? Е па, јас имам 75 години ама списанието го нема, а мојот сопруг отсекогаш ја сакаше таа оригинална насловна на „Плејбој“, па затоа се обидов да смислам нешто за да го направам среќен. Тој сè уште мисли дека сум „згодна девојка“ и по 57 години – и нема да се обидам да му го оспорувам тоа! Мислите ли дека „Плејбој“ треба да ми плати барем за оваа фотосесија? Да!“, вели таа во видеото поставено на нејзиниот Твитер профил.

Минатата година, Доли во шоуто на Скот Милс и Крис Старк на „Би-би-си рејдио 5“ навести дека сака повторно да позира за „Плејбој“ во чест на нејзиниот 75-ти роденден.

„Значи, да, можно е, разговаравме за тоа“, рече тогаш таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести