21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

(ДОКУМЕНТ) СКАНДАЛ: Фирмата на Нина Ангеловска противзаконски организирала игри на среќа!

Најчитани вести

Мега скандал открива документот кој свиркачи од Министерството за финансии го доставија до редакцијата на „Економски Лидер“ – министерката Нина Ангеловска ќе одлучува дали таа самата направила проневера преку нејзината компанија „Групер“ со тоа што незаконски организирала игра на среќа.

Според документот кој го доставија свиркачите, постојат сериозни индиции дека сегашната министерка, како директорка и сопственичка на „Групер“, сторила сериозно кривично дело, за кое е предвидена висока затворска казна.

По деталните проверки на инфрмацијата, нашиот медиум ја најави сторијата, која сега ја објавуваме во целост заедно со документите.

Имено, на 15 јули годинава завршила наградната игра „VIP Гурмани 2019“ на компанијата „Групер“ која е во сопственост на министерката за финансии. Во оваа наградна игра, добитниците биле испраќани во хотели во земјава и странство и им биле доделувани предмети за домаќинство и бела техника.

До нашата редакција, свиркачи од министерството доставија „Преставка за поведување прекршочна постапка и преземање на соодветни мерки“, затоа што наградната игра на „Групер“, била спроведена спротивно на законската регулатива во земјава за одржување на наградни игри.

Според законот во Македонија, организаторот мора да има лиценца за по законски утврдени правила да организира игра на среќа – независно од тоа дали организирањето на игри на среќа е примарна дејност на компанијата.

Сепак, и покрај тоа, компанијата на министерката без дозвола од Министерството за финансии (кое сега го води) ја организирала оваа игра на среќа без притоа да ги запази нормите во кои мора да биде наведено кога истата почнува а кога завршува и кои се наградите.

Според поднесителите на преставката, постојат сериозни индиции дека компанијата „Групер“, освен што незаконски спроведувала игра на среќа – со ова сторила и кривично дело „Перење на пари“ пишува поралот Лидер.

Преставката до Министерството за финансии кое е надлежно за игрите на среќа е доставено на 10.09.2019, а да биде иронијата поголема сега министерката Нина Ангеловска ќе треба да одлучува дали бизнисменката Нина Ангеловска го прекршила законот и сторила кривично дело.

Во прилог, документот за скандалот, кои свиркачот ни ги достави затоа што МФ не поведува постапка против компанијата на министерката:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com