9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Доктор Пановски: После втора доза на „АстраЗенека“ не се забележани несакани реакции

Најчитани вести

Микробиологот Никола Пановски во изјава за „еМагазин“ вели дека до сега не се забележани несакани реакции по втората доза на „АстраЗенека“, кои се животозагрозувачки, односно како тромбозата.

Тој додава дека тромбоза, вообичаено се случува по примена прва доза, а не се забележани случаи на тромбоза по втора примена доза.

Оттука, не постои никаква пречка за ревакцинација со „АстраЗенека“ и кај лица помлади од 60 години, кои доколку се вакцинирале во Србија, повторно ќе треба да се ревакцинираат таму, бидејќи во Македонија „АстраЗенека“ не се аплицира на возраст под 60 години.

Според Пановски, овие лица може да се ревакцинираат со „Фајзер“ и тоа според истражувањата, дава одлични резултати. Но, тоа треба да го обезбеди државата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com