25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Докторка од кумановската болница заболена од ковид-19 почина во ГОБ „8 Септември“

Најчитани вести

Докторка од кумановската болница заразена од ковид -19 починала вчера во Градската општа болница „ 8 Септември“ во Скопје, објави „Фокус“.

Пациентката на возраст од 42 години во скопската болница била примена со ниска сатурација, и деновите пред хоспитализацијата се лекувала во домашни услови. Имала хронични болести, над 150 килограми како метаболен синдром и дијабетес мелитиус.

„Во нашата установа е дојдена со 60 посто сатурација на РТГ АРДС. Анестезиолозите немаа видено пообезен пациент болен од ковид дотогаш хоспитализиран во болницата. Се лекувала во домашни услови, додека не и паднала сатурацијата. Докторите се пациенти како и сите други, нема зошто третманот да им биде поразличен. Три дена лежеше кај нас, прими и конвалесцентна плазма и ремдисивир, покрај се друго по препораките“, потврдуваат од Градската болница за порталот.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека ќе расте бројот на новозаболени од ковид-19, а Институтот за јавно здравје анализира дали во земјава е појавена делта плус варијантата која веќе се појави во соседството и ширум светот.

Во изминатите 24 часа во земјава се регистирани 656 новозаболени пациенти од ковид – 19 и 13 починати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com