Home » Докторите алармираат- бројот на пациенти со рак на кожа се зголемува

Докторите алармираат- бројот на пациенти со рак на кожа се зголемува

by Журнал.мк

Една од причините за ваквата болест е јакото сонце, па по најавите на хидрометеоролозите дека не очекуваат долги и жестоки топлотни бранови, д-р Игор Пеев, хирург на универзитетската клиника, советува граѓаните да користат соодветна заштита, бидејќи превенцијата и навремената реакција се клучни за спречување на здравствените компликации..

-Ракот на кожата е исто во постојан пораст, посебно агресивниот тип, малигниот меланом, бројките одат на горе, возрасната категорија оди надолу и секоја недела имаме по еден до двајца со малигни меланоми што оперираме на клиниката за пластична хирургија. Превентивни мерки, заштита од сонце на прво место, заштита од УВ зраци, носење пред се на физичка протективна облека, па потоа креми за сончање, еден од начините да тоа го превенираме, вели – Д-р Игор Пеев – Хирург на универзитетската клиника за пластична хирургија.

Сепак, културата на редовни прегледи во земјава се уште е на ниско ниво, па на лекар се оди кога пациентот ќе добие симптоми… Бемките по телото се еден од честите фактори за рак на кожа, а истите можат стручно да се следат преку мапирање и да се забележи секоја промена кај нив и навремено да се постапи, вели дерматологот д-р Андреј Петров…

-Секоја промена што ќе ја забележат на некоја бемка, што почнала да расте, почнала да ја менува бојата, почнала да крвари, почнала да се однесува невообичаено или чудно да не се „пишманат“ воопшто, да дојдат на доктор да го тоа провериме. Тие треба да бидат најмалку еднаш годишно, според протоколот и по можност да бидат дермаскопски и по можност со дигитална дермаскопија, што значи со можност за мапирање и потоа тие да бидат споредувани, компарирани во претходната состојба, истакна Проф. Д-р Андреј Петров – Дерматолог.

Летото и одморите не поминуваат ниту без џагорот на малите деца по плажите, за кои докторите посочија дека постојано мора да бидат намачкани со фактор 50, наменет за деца и за посензитивна кожа, за да бидат заштитени од канцерогените УВ зраци, како што се наведуваат и од страна на СЗО…

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk