18.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Доколку би живеел во денешно време, дали Џорџ Орвел би „лајкал“ и „шерувал“?

Најчитани вести

Во познатиот роман „1984“, Џорџ Орвел прикажува како би можела да се користи технологијата во иднина, на злокобен начин. А што би рекол денес?

Еден интересен прилог на „BBC“ нѝ дава (хипотетички) одговор на прашањето дали Џорџ Орвел би користел современа технологија.

„Тој е роден како Ерик Блер. Името „Џорџ Орвел“ е осмислено за да звучи што е можно „поанглиски“. Орвел е река во Сафолк, а Џорџ е старо англиско име. Би можело да се каже дека Џорџ Орвел всушност направил „верзија од себеси“ со која ги потпишувал сите дела“, вели Адам Сток од универзитетот Сент Џон во Јорк.

На некој начин, додава Сток, ликот на Џорџ Орвел е сличен на оние како ние го „креираме“ својот онлајн идентитет односно како се претставуваме на социјалните мрежи.

„Како и повеќето луѓе од тоа време, Орвел бил фасциниран од технологијата и нејзините можности, без никаква идеја како всушност функционира таа. „1984“ е полна со примери како технологијата би можела да помогне во опресивните режими и системи“, истакнува Д. Џ. Тејлор, биограф на Џорџ Орвел.

Како што Адам Сток сепак објаснил, разликата помеѓу книгата и сегашното време е во тоа што, во романот, целата технологија е во сопственост на државата, што денес сепак не е случај.

„И ние можеме да учествуваме во користењето на технологијата. Нему веројатно би му сметала брзината со која можат да се шират лагите на интернет“, смета Сток.

Од друга страна, тој ја нагласува опседнатоста на Орвел со тоа како би изгледал светот во иднина.

„Сосема е можно Џорџ Орвел денес да би имал профили на социјалните мрежи, во обид да напише некоја анализа за тоа како функционираат, исто како што пишувал и есеи за списанијата кои ги читале тинејџерите од неговото доба“, заклучува Тејлор.

На основа на сето тоа, би можело да се каже дека Орвел веројатно би „скролал“, „лајкал“ и „шерувал“, доколку би бил жив во денешно време. Какво е вашето мислење?

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести