15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Докажано – жените се подобри возачи од мажите

Најчитани вести

Најновите податоци на Заводот за статистика на Австрија (Statistik Austria), од истражување спроведено во 2013 година, покажуваат дека жените се сепак подобри возачи, односно дека предизвикуваат помалку сообраќајни несреќи од мажите.

Стереотипите на страна, ова е секако логичен заклучок во однос на специфичните индикатори. Но, и кога станува збор за нетолеранција и нервоза, ситуацијата е прилично иста. Жените секако се побезбедни учесници во сообраќајот бидејќи бројките покажуваат дека тие предизвикуваат помалку сообраќајни несреќи од мажите.

Осигурителните компании и најновите студии покажуваат дека синтагмата „Скапо чини кога жена ќе седне зад волан“. Статистичките податоци од 2013 година велат дека во Австрија, без разлика дали се во автомобил, на велосипед или пешак, жените се дефинитивно побезбедни учесници во сообраќајот.

Причина за сообраќајни несреќи:

Невнимание / расеаност

мажи 7.276

жени 3.776

Непочитување првенство на минување

мажи 5.086

жени 2.721

Брзо возење

мажи 3.112

жени 1.347

Неодржување безбедно растојание

мажи 1.418

жени 600

Возење под дејство на алкохол/лекови

мажи 1.086

жени 190

Во повеќето случаи, причина за несреќи е машкиот дел од населението, 58% како пешаци, 66% како возачи на мотоцикли и 64% како возачи на автомобили. Најчеста причина е невниманието на возачот, но најновите истражувања покажуваат дека користењето мобилен телефон за време на возење е сè поголем проблем што предизвикува сообраќајни несреќи. Од вкупно 11.302 несреќи, жените се одговорни за 3.776 случаи, а мажите за двојно повеќе, дури 7.526.

Австрискиот оддел за безбедност на патиштата открил кај 1.500 испитаници дека причината за несреќата е агресивен стил на возење и дека жените се однесуваат многу поразумно во споредба со мажите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести