9.8 C
Skopje
Sunday, December 4, 2022

Дознајте кои се здравствените придобивки од дуњата

Најчитани вести

Сезонските плодови се полни со витамини и минерали и изобилуваат со состојки чија улога е да нѝ го зајакнат имунитетот.

Добриот избор на намирници влијае на подобриот квалитет на сон, нивото на телесна активност, концентрацијата и помага во спречување на уморот на природен начин, а една од таквите намирници е – дуњата.

Дуњата припаѓа на истото семејство билки како и јаболката и крушите. Ретко се консумира во свежа состојба, но од неа може да се направи вкусен сок, компот, џем, ликер или слатко.

Еве неколку причини зошто треба да консумирате дуња:

Помага во губење на килограмите

Дуњата содржи малку калории и голем број влакна и витамин Ц. Поради тоа, таа е одличен избор за сите оние кои сакаат да ја регулираат својата телесна тежина.

Добра е за варењето

Дуњата може да помогне во лекување на чир на желудник, дијареја и проблеми со варењето. Компотот од дуња благотворно делува на стомакот и ја регулира дигестијата.

Влијае на здравјето на срцето

Дуњата содржи пектин кој го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта и го регулира здравјето на крвните садови. Калиумот кој го содржи го намалува крвниот притисок, а на здравјето на срцето влијае и витаминот Ц.

Спречува анемија

Високата содржина на железо во дуњата спречува анемија и поволно влијае на крвната слика.

Одлична за зајакнување на имунитетот

Витаминот Ц со кој изобилува дуњата му овозможува добра заштита на организмот од инфекции и го зајакнува имунолошкиот систем, а тоа е особено важно во време на сезона на настинки и грип.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести