13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Доживотен затвор за тројца Бугари поради смртта на 71 мигрант

Најчитани вести

Судот во Унгарија на доживотен затвор осуди четворица шверцери на луѓе поради смртта на 71 мигрант, чии тела биле пронајдени натрупани во камион оставен на австриски автопат во август 2015 година, пренесе „Ројтерс“.

Во пресудата на судијата Ерик Мезолаки стои дека за тројца шверцери нема да има можност за предвремено пуштање на слобода, а четвртиот ќе треба да отслужи најмалку 30 години затвор.

Лидерот на шверцерската дружина со потекло од Авганистан и тројца бугарски државјани се обвинети за убиство без предумисла бидејќи одбиле да го запрат камионот и да ги отворат вратите за да дојде воздух до мигрантите иако тие ги предупредиле дека почнуваат да се задушуваат.

Во текот на судењето се дозна дека додека се возеле, мигрантите во еден момент сфатиле дека ќе се задушат и почнале да удираат на вратата викајќи му на возачот да го запре возилото.

Смртта на 59 мажи, осум жени и четири деца од Сирија, Ирак и од Авганистан, што се случи за време на мигрантската криза, ја згрози Европа.

Трагичниот настан беше најлошиот од ваков вид на балканската рута по која се движеа стотици илјади луѓе од Блискиот Исток, Африка и од Азија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести