Home » Дождот им помогна на пожарникарите во гаснење на шумскиот пожар во охридско

Дождот им помогна на пожарникарите во гаснење на шумскиот пожар во охридско

by Журнал.мк

Дождот во охридско им помогна на пожарникарите во гаснењето на шумскиот пожар во планината помеѓу село Вапила и село Расино. Ставен е под контрола, се работи на целосно гаснење. Во пожарот гореше деградирана борова и дабова шума. Екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид, доброволци, единиците на локалната самоуправа и мештаните од утрово интервенира на терен.

Во текот на вчерашниот ден било интервенирано на 18 пожари. Од Центарот за управување со кризи информираат дека на територијата на целата држава располага со 800 пожарникари и 170 доброволци.

На располагање се ставени и по два хеликоптери на армијата и на полицијата, еден „Ер трактор“, околу 150 цистерни, авион на Дирекцијата за заштита и спасување и теренски возила. Национални шуми имаат и специјализирани екипи за гаснење на пожари.

Од ЦУК велат дека раната интервенција, превенцијата и брзата реакција се клучни во гаснењето на пожарите, но свеста кај граѓаните е најбитна, зашто секогаш причина за пожар е човечкиот фактор.

На сила е делумна забрана за движење по македонските планини и шуми. Минатиот месец бил изгасени 91 пожар, а месецов, до денес 88 пожари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More