8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Додик: Јасно кажав дека во БиХ нема согласност за НАТО

Најчитани вести

Српскиот член и претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик кажа денес на Самитот на процесот на соработка во Југоисточна Европа во Анталија две нешта – дека во БиХ нема согласност за пат во НАТО и дека земјата долги години е под протекторат што ги оневозможува европските интеграции.

„Самата Европа има проблеми со тоа, бидејќи има земји кои не сакаат ЕУ да се прошири, но и се обидуваат и дури ги сопираат конкретните активности, пред сè Франција и Холандија. Разговаравме за сите тие искуства“, кажа Додик и додаде дека самитот во Анталија бил успешен.

Тој истакна дека на самитот било разговарано и за последиците на коронавирусот, наведувајќи дека и понатаму се потребни претпазливост и придржување до мерките, бидејќи пандемијата не е завршена.

Зборувајќи за состанокот со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, Додик наведе дека со него разговарал за инвестиции во Република Српска и Федерацијата БиХ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести