12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Додик: Случајот „Иконa“ е класичен спин

Најчитани вести

Случајот „Иконa“ е класичен спин создаден од министерката за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Бисера Турковиќ, рече Милорад Додик.

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Додик, денес беше сослушан во Обвинителството на БиХ како сведок во случајот „Икона“.

Тој посочи дека во тој случај нема инкриминирано дело и нема обвинение.

– Очигледно дека ова е класичен спин создаден и пласиран во јавноста од министерката за надворешни работи во Советот на министри, Бисера Турковиќ – рече Додик и повтори дека иконата не ѝ припаѓа на Украина.

Станува збор, инаку, за иконата што Додик му ја подари на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на неговата посета на Република Српска и Сараево во декември минатата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести