Home » Додик: Сам ќе си воведам санкции, да не се мачи Германија

Додик: Сам ќе си воведам санкции, да не се мачи Германија

by Журнал.мк

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, вечерва напиша за Германија да не воведува санкции против него, тој самиот ќе си ги воведе.

„За да не се мачат, од денеска си воведувам санкции. Ниту имам имот во Германија, ниту планирам да одам таму“, напиша Додик на Твитер.

Тој оцени дека Германија со својата политика на заплашување нема да ја промени реалноста, а тоа, како што рече, е дека Босна и Херцеговина е пропадната земја.

Германската министерка за Европа, Ана Лирман, денеска во Сараево изјави дека Германија лобира во Европската унија за санкции против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и Република Српска, обвинувајќи го Додик дека води сецесионистичка политика.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More