29.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

Додик најави условно враќање во институциите на БиХ

Најчитани вести

Пратениците на Република Српска (РС) ќе предложат во Претставничкиот дом на парламентот на БиХ посебен закон со кој се бара затвор за секој што нарекува одреден колектив – држава, ентитет или кантон – „геноциден“ или кое било друго име, изјави Милорад Додик, претседател на Сојузот на независни социјалдемократи по состанокот со претставниците на ЕУ и на САД Анџелина Ајхорст и Метју Палмер. Доколку се прифати овој закон, ние сме подготвени да учествуваме во работата на институциите – рече Додик.

Директорката на Европската служба за надворешни работи Анџелина Ајххорст и високиот функционер на американското Министерство за надворешни работи задолжен за изборните реформи во БиХ Метју Палмер во БиХ престојуваат до 30 јануари. Во тој период ќе разговараат за изборните реформи, но и за политичката состојба во земјата. Преговорите на локалните политички лидери за измените на Изборниот закон на БиХ беа прекинати во минатиот месец. Пробосанските партии го условија продолжувањето на преговорите со прекин на блокадата на државните институции од страна на претставниците на Република Српска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com