19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Додик: ЕУ нè измами за вакцините

Најчитани вести

Претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик го постави прашањето зошто од Европската Унија не ѝ испорачуваат на БиХ вакцините против коронавирусот, кои се платени 6,5 милиони евра, истакнувајќи дека тоа е целосно некоректно.

Тој истакна дека ЕУ во декември минатата година зела 6,5 милиони евра за вакцини, а дека сега не ги испорачува.

„Што се однесува до ЕУ, приказната е целосно некоректна“, им кажа Додик на новинарите.

Наведувајќи дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен кажала дека Европа не може на помалите земји да им даде вакцини, тој истакна дека ЕУ во декември минатата година зела 6,5 милиони евра за вакцини, а дека сега не ги испорачуваат.

„Каде го има тоа во светот? Само на Западот? Зошто не ни ги испорачате нашите вакцини?“, праша Додик.

Додаде и дека вакцините биле поевтини затоа што биле платени со аванс.

„Сега тие би сакале ние да ги повлечеме парите, а тие да ни продаваат вакцини двојно поскапо? Тоа е таа приказна. И тоа е коректно?“, кажа Додик.

Наведе дека амбасадорот на ЕУ во БиХ Јохан Сатлер, како што кажа, се „перчел“ кога неодамна на аеродромот во Сараево стигнале мали количества вакцини.

„Што ни значат нам што стигнале 14.000 вакцини – тоа сè уште е измама“, кажа Додик.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести