Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска во неформален разговор со лидерите на партиите од владејачката коалиција изјави дека ќе го претепа шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ, Јохан Сатлер.
Ова се случи пред почетокот на состанокот на владејачката коалиција, во моментот кога снимале и фоторепортери, објави регионалната телевизија Н1.
Во дискусијата за државниот имот Додик рече дека тоа во моментов е клучно прашање и дека не може да се разговара за тоа.
„Не сакам да зборувам, gotovo. Нема дискусија за имот. Имотот не е проблем. Решени со Устав, решенo со Дејтон“, им порача тој на коалициските партнери.