8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Додик: БиХ неминовно е на пат кон распаѓање

Најчитани вести

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Босна и Херцеговина неминовно е тргната на пат кон распаѓање. Според него, виновни за тоа се западните земји кои со своето самоволие и кршење на меѓународното право се мешаат во работите на земјата, пренесе Танјуг.

-Високиот претставник за БиХ не функционира, не работи, тој нема никакви ингеренции, а ги немаше ни пошироко од Анексот 10 од Дејтонската сопгодба, но го прекрши меѓународното право со ароганција и самоволие на неколку странски земји кои сакаа да ѝ ја одземат смислата на Дејтонската спогодба, рече Додик во Бијелина, како што пренесе Срна.

Додик додаде дека поради тоа БиХ е доведена на раб на опстанок и е поставена на неминовен пат на распаѓање, нешто што, според него, е реален и можен за сите народи на тој простор.

Додик денес ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ и потсети дека секоја година на 4 август Република Српска и Србија заеднички го одбележуваат споменот на протерувањето на Србите од Хрватска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com