15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Најчитани вести

Наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“ синоќа беа официјално соопштени во мултимедијалниот центар Мала станица, каде што еден месец е поставена изложба на делата од уметниците финалисти на манифестацијата.

Како што соопшти Галеријата „Остен“, на ова биенале учествуваа 260 уметници од 44 земји со 819 дела. Од нив, по избор на селекторот Емил Алексиев, во потесен избор влегоа 135 уметници. За финалисти беа избрани 75 од кои меѓународното жири одлучуваше за наградите.

Според одлуката на жирито. Прва награда за цртеж е доделена на Лубош Плни од Чешка, Прва награда за графика за Андреас Томблин од Кипар, Прва награда за оригиналност им е доделена на Атанас Атанасоски од Северна Македонија и на Ева Францова, Прва награда за млад автор на Мациеј Игнатовски од Полска, Посебна награда од жирито им е доделена на Катаржина Лишковска од Полска, Монија Вањаура-Куросад од Полска и Мајкл Зенг од САД и Посебно признание од жирито на Лидија Пероти од Италија и Страхил Петровски од Северна Македонија.

Советот на Остен ги додели наградите „Златен остен“ за Мустафа Арапи од Албанија, Марион Калиес од Германија, Кенрио Хара од Јапонија, Зоран Мише од Бугарија и за Теја Тегељ од Словенија; Награда Остен им е доделена на Софија Антонакаки од Грција, Ева Хнатова од Словачка, Биљана Јевтиќ од, Србија, Уши Лудеман од Германија и Владимир Паун Врапчиу од Романија.

Награда „Остен“ за индивидуално претставување му е доделена на нашиот уметник Гоце Божурски, а Наградата Остен за национално претставување е доделена на Грција (Национален селектор: Марина Гонта). Посебна награда Остен – Харис Кондосфирис и Ставрос Панагиотакис (од националниот селектор на Грција)

Меѓународното жири беше во состав; Катрин Бекер од Германија (уметнички директор на Центарот за современа уметност „Киндл“, Берлин), Ларс Курулф Милер од Данска (директор на музејот „Борнхолмс“) и Жолт Петрани од Унгарија (раководител на одделот за современа уметност во Националната галерија на Унгарија во Будимпешта).

Доделени се и награди од Советот на амбасадори на Остен (меѓународно советодавно тело кое одлучува за главните награди на Биеналето): Гран-при за животно остварување – Емилија и Илја Кабакови од, Русија/САД; Награда „Светско културно наследство“ за Оскар Кокошка, Австрија (од колекцијата на Остен); Посебно Гран-при за извонредни уметнички остварувања за Јоргос Ксенос од Грција и за Таки Павловски од Северна Македонија.

САВУ – Светската асоцијација на визуелните уметности, која на секое издание на Остен биенале на цртеж доделува награда „Уметник на светот“ на етаблиран уметник, за 2020-та ја додели на Ецио Грибалдо од Италија, а наградата „Рембрант“ за извонредност во уметноста за 2020 година – на нашиот уметник Мице Јанкуловски.

Галеријата „Остен“ соопшти дека поради пандемијата на доделувањето на наградите беа присутни претежно македонски уметници наградени на Биеналето и неколку уметници од регионот, а наградите за странски уметници ги примија претставници од дипломатскиот кор на нивните земји.  Беше прикажан и документарниот филм „Ецио Грибалдо – Убавината ќе не спаси“ во продукција „Quinta Luce Srl“ од Милано, како претставување на Ецио Грибалдо награден со „Уметник на светот“.

Во рамки на завршните настани од „Остен биенале на цртеж Скопје 2020“, денеска во галеријата „Остен“  ќе биде отворена самостојна изложба на Биљана Јевтиќ од Србија, една од наградените автори, со што организаторот на Биеналето ја почнува серијата самостојни претставителни изложби за „Остен биеналето на цртеж Скопје 2022“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести