17.8 C
Skopje
Monday, August 15, 2022

Доделени наградите на затворањето на „Beach Film Festival“

Најчитани вести

Овогодинешното и јубилејно издание на фестивалот се одржа на четири локации, плажата Славија, предворјето на Св. Софија, Лапидариумот и бродот Армада, а публиката имаше можност да ужива во повеќе од 40 филмови.

Филмовите „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал ја добија наградата голем бран за најдобро филмско остварување на годинешното издание на фестивалот на нов европски филм – „Beach Film Festival“ што се одржа од 20-ти до 24-ти јули во Охрид.

Мал бран за најдобар краток филм ја доби филмот „Сестри“ во режија на Кукла Кешеровиќ.

Стефан Сидовски Сидо – награда за најдобро актерско остварување ja доби актерката Анаис Демостие од филмот „Вљубената Анаис“, додека пак „Special Mention“ – награда за најдобар краток студентски филм кој секоја година го избира публиката, го освои филмот „Слобода“ на режисерката Јоана Розниак.

Овогодинешното и јубилејно издание на фестивалот се одржа на четири локации, плажата Славија, предворјето на Св. Софија, Лапидариумот и бродот Армада, а публиката имаше можност да ужива во повеќе од 40 филмови.

Наградените филмови ги прогласи жирито составено од германскиот режисер и кинематографер Фред Келемен, режисерот Срѓан Драгојевиќ и режисерот Кавех Захеди и тоа на затворањето на фестивалот, на плажата Славија.

Фестивалот оваа година донесе филмски проекции на уникатни локации под ѕвездите, креативни средби на филмски професионалци и љубители на филмската уметност и искуства и дружење во опуштената атмосфера на градот Охрид, соопштија организаторите на фестивалот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com