Home » Доделени „Златни значки“ за придонес во Армијата

Доделени „Златни значки“ за придонес во Армијата

by Журнал.мк

Во Касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод 30-годишнината од формирањето на македонска војска на која беа доделени златни значки за 30 години активна служба за припадниците на Армијата. Министерката за одбрана Славјанка Петровска додели 281 златна значка на припадниците на армијата и тоа на 145 офицери, 69 подофицери и 67 цивилни лица. Златна значка му беше доделена и на началникот на ГШ на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски.

„Кога велиме дека Армијата започнавме да ја градиме од самиот темел, мислиме на вас. Вие ја градевте, вие ја изградивте, вие бевте професионалците кои заедно со вашите колеги создадовте историја која ќе ја паметиме и иднина која ја посакуваме. Вашиот вложен труд и енергија вродија со големи резултати, вклучувајќи го и нашето историското членство во Алијансата. Сите вие, кои учествувавте во овие процеси со гордост може да кажете дека сте биле дел од овој успех. Вие знаете најдобро што значи да се биде дел на еден тим, на едно семејство кое си ја сака татковината и работи за неа – бескомпромисно и без задршка”, рече министерката Петровска

Таа упати порака до припадници на Армијата кои добија златна значка да продолжат да го споделуваат своето знаење со помладите колеги кои ќе продолжат да ја градат оваа институција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk