14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Додека целиот Свет зборува за нејзиниот мачен живот, Бритни конечно „пушти“ малку позитивна енергија

Најчитани вести

– Она што е добро е што денес се чувствувам многу подобро – напиша Бритни во описот на новото видео

Американската пејачка Бритни Спирс (39) неодамна откри дека се чувствува одлично благодарение на фактот дека во последно време се храни поздраво.

Имено, поп-sвездата објави видео на Instagram во кое танцува во дневната соба и зрачи со вишок енергија. Таа спомена дека станува збор за снимка од пред неколку месеци и дека со намалување на делот од оброкот, таа значително ослабела во последните 6 месеци.

– Се прашував зошто моето тело на ова видео изгледа толку различно во споредба со денес. Не, не се држев до диетата со сладолед, хаха. Ги намалив порциите храна, што е многу тешко. Она што е добро е што денес се чувствувам многу подобро “, рече Бритни, а фановите се прашуваат дали таа последна реченица има некаква врска со документарецот за нејзиниот живот, наречен„Framing Britney Spears“, кој неодамна беше прикажан.

Видеото во кое Бритни танцува е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати, додека на споменатата социјална мрежа ја следат 28,3 милиони следбеници.

Потоа објави фотографија со своето момче Сем Ашгари, со кого неодамна отпатува за Мауи. Фановите се среќни кога видоа дека Бритни е среќна и сакаат таа брзо да се ослободи од старателството што нејзиниот татко го има над неа од 2008 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com