-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Додека полицајците купувале сендивичи, избегал затвореник од Идризово

Најчитани вести

Скопје, 14 октомври- Денеска околу 11 часот, затвореникот Фидан Исени им избегал на двајцата чувари кои од Клинички центар го носеле назад во затворот Идризово, јавува Телма. Бегството се случило кога за време на трансферот чуварите застанале во близина на бензинска станица во населбата Автокоманда. Засега нема информации кој сѐ е вмешан во бегството, но ќе се испитува и каква била улогата на чуварите. Според нашите информации чуварите кои се дел од затворската служба пријавиле дека им избегал затвореник кога се вратиле во затворот.

МВР го регистрирало случајот и веднаш излегле на терен за да го бараат избеганиот затвореник и да го расчистат случајот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com