24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

„Додека земјите од ЕУ не можат да се договорат, Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци”

Најчитани вести

Tурција продолжува да ја поддржува интеграцијата на земјите од регионот во евроатланските институции”, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Самитот на Процесот за соработка во југоисточна Европа (SEECP) во Сараево, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот Ердоган исто така рече дека со спречување на нерегуларните миграции, ТУрција дала огромен придонес за безбедноста на земјите од Балканот и цела Европа.

„Земјите на ЕУ не можат да се согласат за квоти за бегалци, за прием на неколку десетици бегалци, а Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци“, рече турскиот претседател Ердоган.

Тој додаде дека балканските земји треба да ја развиваат економската соработка.

„Балканските земји треба да ја развиваат економската соработка, а автопатот Белград-Сараево во тој поглед е од стратешка важност”, изјави Ердоган.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com