3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

„Додека Заев и Филипче се смеат по митинзи, 60 % од хоспитализираните пациенти од КОВИД ни се починати, во развиените земји процентот е 10“

Најчитани вести

„Луѓе од КОВИД ни умираат највеќе споредено со сите други држави во светот. Над 60 проценти од хоспитализираните КОВИД пациенти во земјава починале, и тоа е највисока стапка на смртност во светот на луѓе кои се лекувале во такви услови“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг.

Мицкоски додаде дека во високоразвиените земји само 10 отсто од КОВИД хоспитализираните пациенти завршуваат со смртен исход. Ова покажува дека здравствениот систем е трул.

„Во моментот бројката на починати е 7.000 луѓе, повеќе од 7.000 луѓе, и таа е поголема од 11 градови во Македонија што само ги објаснува катастрофалните последици во нашата земја“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски запраша, а што прават Филипче и Заев како првоповикани.

„Тие одат на митинзи и се кикотат, се смеат. Затоа народот на 31-ви жестоко ќе ги казни“, нагласи Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com