17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Додека Бектеши се мисли ВМРО-ДПМНЕ ќе го укине законот за пазари

Најчитани вести

Пратеници од ВМРО ДПМНЕ сакаат во среда да го укинат Законот за трговија на зелените пазари кој треба да стартува од 1. Јануари 2020 година. Ако помине овој предлог, тоа ќе значи дека овој Закон, кој беше донесен во 2018, но не стартуваше во 2019 поради реакциите, никогаш нема ни да заживее. Четворицата пратеници кои се потпишани во документот, сметаат дека на тој начин ќе се излезе во пресрет на барањата на пазарџиите.

„Предлог Законот за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари, по скратена постапка има за цел да го укине штетното законско решение за најзасегнатите со Законот за трговија на зелени пазари, односно пазарџиите. Спроведувањето на овој закон нема да предизвика финансиски последици врз Буџетот на Република Македонија и другите јавни финансиски средства“, наведуваат преглагачите на законот.

Со овој предлог, пратениците на ВМРО ДПМНЕ ја пресретнаа иницијативата на Министерството за економија. Од Економија велат дека Владата следната недела ќе усвои Закон за престанување на важење на пролонгираното законско решение.

„Во 2020 година ќе почне да се изготвува нов Закон за чија што изработка ќе се земат барањата на сите засегнати страни вклучувајќи ги трговците на зелени пазари, коморите, организаторите на пазари и државните институции“, велат од министерството за економија.

И Групацијата на пазари при Стопанската комора, кои се организатори на пазарите во Скопје сметаат дека е добро што сите предлози ќе бидат ставени на маса и дополнително ќе се разработува Законот. Пазарџиите пак, добиле уверување од Министерството за економија дека ќе бидат повикани на следниот состанок кога ќе се работи на новото законско решение. Но, стравуваат дека повторно ќе бидат само козметички измени, и ништо суштински нема да се промени.

Проблематичниот Закон за трговија на зелените пазари кој е стопиран веќе цела година предвидуваше лиценцирање на пазарџиите, лимитирање на бројот на тезги, што значи еден трговец да може само една тезга да изнајмува. На пензионерите им беше ускратено правото и тие да продаваат бидејќи добиваат пензија. Она што е до сега прецизирано е дека идејата лиценци и натаму постои и ќе ги издаваат сите здруженија и комори поврзано со оваа дејност. Пазарџиите дополнително се жалат на лошите услови во кои работат со децении.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com