4.2 C
Skopje
Sunday, January 24, 2021

Договорот од Преспа не може да се фрли во канта за отпадоци, смета Караманлис

Најчитани вести

Ние велиме дека ќе направиме сѐ за да ги ублажиме, трагичните и многу сериозни последици од овој договор. Но, овој договор не може да се скине, овој договор не може да се фрли во канта за отпадоци и за ова одговорни се конкретни луѓе кои го гласаа овој договор, изјави министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Костас Ахилеас Караманлис во интервјуто за грчката телевизија Скај во однос на Договорот од Преспа.

Караманлис ја повторува позицијата на Нова демократија, во однос на нивните оружја за „ублажување на негативните последици од договорот“, споредбено го споменува предизборното ветување на СИРИЗА од пред четири години кога најавуваше дека „со еден закон и еден член ќе ги скине меморандумите“ и вели дека тие она што го кажуваа како опозиција го кажуваат и сега.

– Што рековме како опозиција? Дека не треба да помине, не треба да биде изгласан и ги предупредивме и Владата и грчкиот народ. Од моментот кога помина, јасни сме, овој договор ниту се менува, ниту може да се искине со еден закон и еден член. Ние не сме СИРИЗА да кажуваме работи што немаат врска со реалноста. Ние денес велиме дека имаме многу оружја на располагање во нашите преговарачки аргументи. Прво, во овој момент започнуваат разговори за пристапни преговори на Скопје во Европската унија. (Премиерот Кирјакос) Мицотакис е јасен и го има кажано следното, дека нема да го напуштиме правото на вето за да почнат пристапни преговори. Не заборавајте дека за Скопје, важен е влезот во Европската Унија, рече министерот за инфраструктура и транспорт на Грција, Костас Ахилеас Караманлис во интервјуто за Скај.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести