31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

„Договорот од Преспа да заврши со членство во ЕУ“ – „Ако запре проширувањето на ЕУ ќе зажалиме“, вели Могерини

Најчитани вести

Шефицата на европската дипломатија во заминување, Федерика Могерини ја повика Европската Унија да го задржи силното присуство на Западен Балкан. Таа е убедена дека доколку Унијата тоа не го стори сега, ќе зажали за неколку години.

Преспанскиот договор Могерини во своето обраќање го кажа како позитивен пример за водењето на политиките на Балканот. Додаде дека тоа треба да продолжи и на крај да заврши со обединување со Европа.

Социјалниот и економскиот развој е важен сегмент според Могерини и додава дека со тоа бенефит ќе имаат не само државите туку и Европската унија. Во своето обраќање потсети дека се работи за земји кои и географски припаѓаат на Европа и со самото тоа тие треба да бидат обединети.

За време на денешното отворање на Бледскиот стратегиски форум, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, имаше кратки среди со колегата од Шпанија, Жозеп Борел, номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, со премиерот на Словенија, Марјан Шарец, и со шефот на турската дипломатија, Мевљут Чавушоглу. Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска учествуваат на 14-от Бледски стратегиски форум во Словенија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести