Home » Довчерашни играчи на Интер не ги штедеа ѕвездите на Милан и предизвикаа инцидент на „Трофеј Берлускони“

Довчерашни играчи на Интер не ги штедеа ѕвездите на Милан и предизвикаа инцидент на „Трофеј Берлускони“

by Lina Muslija

Милан и Монца вчера се сретнаа во првото издание на „Трофеј Силвио Берлускони“, во соседско дерби посветено на неодамна починатиот Силвио Берлускони, кој во својот долг фудбалски ангажман, беше прв човек на двата клуба.

Двете екипи имаа можност со подновените состави да видат до каде се во финишот на подготовките за новата сезона, но пријателската атмосфера меѓу членовите на ривалите од Серија А беше нарушена во еден момент од средбата.

Во главна улога беа довчерашните играчи на Интер, Галјардини и Д’Амброзио кои за само неколку секунди предизвикаа нервоза на теренот и најмногу кај Рафаел Леао.

Најпрвин Д’Амброзио имаше погруб контакт со Тео Ернандес кој остана на тревата и се жалеше на повреда, за Галјардини да има близок контакт со Леао, по што и настана тензијата која беше смирувана од другите фудбалери.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk