-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Довжан: Се надеваме дека дијалогот со Софија ќе го деблокира ЕУ патот за Македонија

Најчитани вести

Државниот секретар за европски прашања на Словенија, Гашпар Довжан, кој денеска претседаваше со Советот за општи работи на ЕУ, рече дека на денешниот состанок на министрите на ЕУ се разговарало за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан.

Запрашан од МИА како ЕУ планира да го зајакне својот кредибилитет во регионот со оглед на билатералната блокада наметната од страна на Бугарија за почеток на преговори со Македонија, Довжан рече дека денеска министрите не разговарале детаљно за ова прашање но изрази надеж дека спорот ќе се реши за да може да се усвои преговарачката рамка за Македонија.

Бугарија ја блокира преговарачката рамка за земјата поради инсистирање да се вметне референца за „погрешно толкување на историјата”, на што се противат неколку земји и членки и Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com