36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Доверба на словенечката влада

Најчитани вести

Владата на словенечкиот премиер Јанез Јанша доцна синоќа ја доби довербата во парламентот, а предлогот на опозицијата за назначување Карл Ерјавец за мандатар за состав на новата влада не помина. Во целодневната парламентарна дебата, левичарската опозиција ја обвини владата на Јанша за непочитување на уставните принципи, авторитарен стил на владеење, грешки во надворешната политика, отуѓување од централните држави на Европската унија и лошо управување со епидемијата на коронавирус.

Јанша ги отфрли критиките и рече дека неговата влада сè уште има парламентарно мнозинство и дека тоа ќе биде потврдено. Тој ја обвини опозицијата за дестабилизација на земјата за време на пандемијата на ковид-19 пред почетокот на претседателството на Словенија со ЕУ, во втората половина на годината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести