25.8 C
Skopje
Thursday, July 7, 2022

ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ 2.0 – Саем за размена на креативни искуства и размисли

Најчитани вести

Оваа година на 21 мај, од 13:00 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“, по вторпат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли насловен како: „ДОБРО УТРО КРЕАТИВЦИ“.

Настанот е во организација на „Скала Магазин“ – прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, нивно поврзување со индустријата и поддржување на културните настани и сцена, а со поддршка на Young Cities и Democracy Lab.

„Целта на овој Саем е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. Програмата оваа година е со проширен формат и вклучува саемски изложбен и продажен простор на 13 учесници – дизајнери на рачни изработки (книги, накит, графики, мурали, облека, модни додатоци, светлосни елементи итн.), 7 музички перформанси, панел дискусија за NFT и галериска изложба на 13 млади и возрасни, докажани врвни македонски уметници. Тоа се вкупно 35 учесници и мноогу публика“- велат организаторите.

Учесници:

Саемско претставување од 13:00 до 19:00 часот ќе имаат: Ана Јовановска; Академија за моден дизајн од “Џолев и уметностите” ; Данче Станковиќ; Елена Ристовска; Еснаф; Јулија Барбун; Мирјана Јосифоска; Сказнувалка; Книговез; ХОПС; Хеклана; 5 до 12; и Reд. Галериската групна изложба ќе биде отворена во 20:00 часот на којашто ќе се најдат сликарски дела, графики, илустрации, фотографии и скулптури од 13 автори: Ана Трајковска, Андреј Митевски, Андреј Павлов; Давор Кешќец; Дамјан Ристевски; Дејан Џолев; Душан Стефановски; Жарко Башески; Јовица Мијалковиќ; Мирослав Масин; Сергеј Андреевски; Симон Шемов и Стефан Младеновски. Панел-дискусијата ќе се одржи во 18:00 часот на тема: NFT – механизам за продажба на уметност или медиум? каде што збор ќе имаат Иван Ивановски и Андреј Димов, а за музичкиот дел од 13:00 до 01:00 по полноќ ќе бидат задолжени: Мирко Попов; Марко Вилиќ; Luka Kekic; Baltiq; Георги Трајков и Lepi Хhoni + Shema Crew.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com