12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Добар сон е половина здравје

Најчитани вести

Сонот е времето кога телото ја обновува својата енергија и се подготвува за следниот ден. Потребата за времетраењето на сонот е индивидуална.

Како спиете? Велат како спиете, така и ќе живеете.

Количината на сонот иако игра голема улога за целокупното здравје, сепак квалитетот на сонот е пресуден. Сакате да дознаете дали спиете квалитетно?

Пресметајте го процентот на квалитетен сон

  • Еден од индикаторите за квалитетот на спиењето, е времето потребно за да заспиете.
  • Честото будење во текот на ноќта го нарушува циклусот на спиење и со тоа следниот ден се чувствувате заморени. При квалитетен сон, будењето во текот на ноќта не треба да биде повеќе од само еднаш.
  • Иако поминувате повеќе од осум часови во кревет, тоа не значи дека спиете осум часови. За да ги видите придобивките на сонот, треба да спиете најмалку 85 проценти од времето поминато во хоризонтална положба.

Несоница – инсомнијата претставува нарушување на спиењето кое се карактеризира со недоволен квалитет на спиењто кое трае подолг временски период , најмалку три пати неделно, најмалку во текот на еден месец.

Решението е  ЛУНЕРБА ПЛУС кој се користат како додаток во исхраната. Дејството на оваа комбинација е во функција на здравиот сон. Мелатонинот придонесува за скратување на времето потребно за заспивање и за ублажување на субјективното чувство на замор предизвикано од промена на временските зони. Валеријаната, пасифлората, маточината и калифорниската булка/мак придонесуваат за релаксација и за полесно заспивање дури во состојби на стрес.

Капсулите ЛУНЕРБА ПЛУС може да ги најдете во аптеките на Анни Фарм

Несоницата често е само симптом на некое друго заболување, и при третман на несоницата секогаш треба да се исклучат други заболувања, при кои таа е симптом.

Пред започнување на треман на несоница, треба да се утврди дали причината за несоницата е друго заболување при кое несоницата е симптом и да се лекува основното заболување.

Несоницата може да се елиминира со промена на начинот на живеење.

  • секогаш да се оди во кревет во исто време, и да се станува во исто време
  • да се избегнува конзумирање на кафе, алкохол, никотин
  • да се избегнуваат преспивањата преку ден
  • редовни физички вежби(3-4 пати неделно), но да се избегнува да се вежба во доцните попладневни часови
  • да се избегнува гледање телевизија во доцните часови, пред заспивање
  • да се избегнува обилно јадење пред заспивање
  • може да се користат некои вежби за релаксација пред заспивање
  • да се создаде удобна атмосфера за спиење

Доколку несоницата трае подолго време, потребно е да се направи консултација со лекар, кој што ќе препише соодветна терапија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести