13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Дневни Аваз: Првата група граѓани на БиХ од Сирија ќе пристигне утре

Најчитани вести

Првата група државјани на Босна и Херцеговина кои живеат во Сирија и Ирак, во делови од територијата контролирана од терористичката Исламска држава (ИД), треба да биде депортирана во среда, објави сараевскиот весник „Дневни Аваз”.

Весникот наведува дека се очекува враќање на околу 30 луѓе, од кои седум жени и 16 деца. Останатите се мажи, но не знае нивниот број.

– Имаме информација дека група граѓани на БиХ ќе пристигнат кон средината на неделава, но не знаеме со сигурност колку од нив ќе бидат екстрадирани, рече неименуван полициски службеник.

Депортацијата на таа група беше најавена пред две недели, но е одложена од технички причини.

Сите тие доаѓаат од затворски кампови во Сирија под контрола на курдските и американските сили и ќе бидат транспортирани со лет организиран од американска страна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com