0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

ДКСК ќе се произнесе за Законот за стратешки партнер за изградба на автопатишта

Најчитани вести

Законот, по скратена постапка, вчера беше изгласан во Собранието.

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи прес-конференција во врска со мислењето Предлог законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 Д во Република Македонија, кое го достави до Собранието.

Законот, по скратена постапка, вчера беше изгласан во Собранието. Тој е конкретна реализација на Меморандумот што го потпиша Владата со компанијата „Бехтел и Енка” како стратешки инвеститор за изградба на автопатите Тетово – Гостивар, Струга – Ќафасан, како и Прилеп – Битола. Со него првпат се предвидува изградба преку нов модел без распишување тендер, за којшто власта уверува дека ќе ги даде најбрзите и најоптималните резултати во изградбата на патната мрежа.

Со предложеното законско решенија сe уредува проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 8 и проектирањето и изградбата на инфраструктурата на Коридор 10 Д, како поединечни проекти за капитални инвестиции од стратешко национално значење за државата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести