-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

ДКСК по своја иницијатива ги отвори случаите за Рашковски и за дивоградбите на Усеини

Најчитани вести

Јавната набавка на инсталацијата на АТМ системот за управување со воздушниот сообраќај во која е замешан генералниот секретар на Владата Драги Рашковски ќе ја испитува Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).

Членовите на комисијата ќе ја испитуваат улогата во оваа набавка на Рашковски.

Од ДКСК информираат дека ќе го испитуваат и случајот со дивоградбата кај чинарот во Охрид, која е во сопственост на советникот на ДУИ во Охрид, Нефи Усеини.

Државната комисија за спречување на корупција овие случаи ги отвора по сопствена иницијатива по овјавените информации во медиумите.

Антикорупциска поведе постапка за кривично гонење на градоначалникот на општина Сарај поради дивоградбите на Матка.

По увидот на лице место и увидот во целокупната документација, комисијата утврдила дека градоначалникот на Сарај Беџети имал законска обврска да ги одбие барањата за легализација на времените објекти, но наместо тоа тој овие предмети ги чувал во фиока.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести