Home » ДКСК отвори предмет за имотот на семејството на вицепремиерот Груби

ДКСК отвори предмет за имотот на семејството на вицепремиерот Груби

by Журнал.мк

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), пред неколку денови, отворила предмет за вицепремиерот Артан Груби откако во јавноста, во повеќе пригоди, беа изнесени наводи за несразмерното зголемување на неговиот и на имотот на членовите на неговото семејство.

Покрај информациите објавни во дел од медиумите, деновиве со конкретни обвинувања излезе и пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

Тој ги повика надлежните да проверат како семејството Груби се стекнало со имот по, според него, пет пати пониска цена од пазарната. Конкретно станува збор за деловен објект во Скопје, платен по само 700 евра за квадрат додека реалната цена му била над 3.000 евра.

– Граѓаните во Скопје, за 700 евра по метар квадратен, не можат да купат ниту гаража, а не пак супер луксузен локал. Очигледно Артан Груби е фатен во небрано и затоа од една лага влегува во нова – објасни Лефков.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk