Home » ДКСК: Како е платена кампањата на премиерот на социјалните мрежи

ДКСК: Како е платена кампањата на премиерот на социјалните мрежи

by Журнал.мк

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДСКС) по сопствено наоѓање повела постапка по пишувањата на ИРЛ за тоа дека премиерот Димитар Ковачевски потрошил 26.000 евра за рекламирање на социјалните мрежи во првите сто дена од стапувањето на функцијата. Утврдено е дека парите не се од Буџетот туку од партијата СДСМ, а антикорупционерите на денешната седница изнесоа низа забелешки за недоволна транспаретност од страна на Кабинетот на прамиерот, како и за алатката Опен фајнанс.

Членот на ДКСК Шемши Салаи истакна дека на два пати биле испратени дописи до Владата од каде не добиле прецизни информации како е платена кампањата на премиерот на социјалните мрежи во првите сто дена велејќи дека тие не се директно платени од Буџетот, како и дека ДКСК податоците треба да ги бара од Мета (Фејсбук).

Во текот на дискусијата членот на ДКСК Катица Николовска рече дека при проверка е утврдено дека се работи за реклами платени од СДСМ, но потоа се отвори прашањето за тоа кој е донатор на партијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk