15.3 C
Skopje
Wednesday, May 12, 2021

ДКСК едногласно утврди дека нема судир на интереси во хидроцентралите на Христијан Мицкоски

Најчитани вести

Со седум гласови „за“, Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница констатираше дека нема судир на интереси во предметот отворен по сопствена иницијатива за доделување концесии за користење води за изградба на мали хидроцентрали и наводи за изворот на средствата за изградба на мали хидроцентрали за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во образложението на ДКСК стои дека во времето кога била објавена Одлуката за распишување јавен оглас за изградба на мали хидроцентрали во Пехчевско и во Беровско, 31.1.2014 година, Христијан Мицкоски не бил во позиција да влијае од позиција советник за енергетика во Владата, односно член на надзорниот одбор на ЕЛЕМ.

ДКСК утврдила дека Мицкоски бил назначен за советник за енергетика во владата на 15.4.2015 година, а за член на надзорниот одбор во ЕЛЕМ на 25.8.2015 година, многу подоцна откако било донесена одлуката и била целосно завршена постапката за доделување концесии и изградба на мали хидроцентрали.

Исто така, фирмата „Енерготек ДОО Скопје“, чијшто сопственик во тоа време е Мицкоски, била едиствена пројавена на огласот за изградба на мали хидроцентрали во Беровско и Пехчевско.

Антикорупциската комисија ја отвори постапката прптов Мицкоски на 3 мај годинава под сомение дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во време додека бил директор на државната ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевски добил под концесија државно земјиште од 33 илјади метри квадратни и концесија за користење води за изградба на хидроцентрали како сопственик на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести