9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Ди Марцо: Елмас денеска потпишува со Наполи

Најчитани вести

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера се збогуваше со Фенербахче пред неговиот трансфер во редовите на Наполи.

Еден од најистакнатите спортски новинари во Италија, Џанлука ди Марцо најавува дека трансферот ќе биде завршен денеска. Клубовите се пред договор, а Елмас само чека дозвола да летне за Италија.

Според Ди Марцо, денеска Фенербахче и Наполи ќе го потпишат трансферот, па фудбалерот ќе замине на медицински прегледи и во рок од 24 часа ќе му се приклучи на тимот на подготовките.

Да потсетиме, трансферот на Елмас ќе изнесува 16 милиони евра, плус дополнителни бонуси, па може да се искачи на вкупно 18 милиони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com