-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Ди Каприо не сакал Мерил Стрип да се соблече во филмот „Не гледај нагоре“

Најчитани вести

Леонардо Ди Каприо побарал од режисерот Адам Мекеј да го промени сценариото за филмот „Не гледај нагоре“, во кое Мерил Стрип на крајот се појавува гола. Ди Каприо смета дека глумицата е институција и национално богатство за филмската индустрија во САД и дека не го заслужува тоа.

Ова го откри режисерот на филмот Адам Мекеј пред неговата премиера на „Нетфликс“. Тој рече дека обидот на Лео да ја заштити Мерил завршил неславно и дека нејзе не и била потребна никаква заштита.

„Знаете ли кој имаше проблем да се појави Мерил гола? Леонардо ди Каприо. Тој на Мерил гледаше како член на филмслкото кралско семејство, како посебна фигура во историјата на филмот“, рече Адам.

Мерил во филмот „Не гледај нагоре“, ја толкува улогата на американската претседателка Џени Орлеанс. Таа во последната сцена се појавува без облека. За потсетување, Мерил пред камерите последен пат беше видена полугола пред 19 години во филмот „Адаптација.

Таа целосно гола беше видена пак во филмскиот класик „Мостовите на округот Мадисон“, снимен во 1995 година. Трикратната добитничка на Оскар, досега се нема огласено по повод голата сцена во „Не гледај нагоре“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com