Home » Дињата е одлична за регулација на притисокот и го зајакнува имунитетот

Дињата е одлична за регулација на притисокот и го зајакнува имунитетот

by Журнал.мк

Дињата ни е позната како овошје што го ладиме и сакаме да го јадеме во жешките летни денови, а всушност, тоа е зеленчук и припаѓа на семејството краставици. Може да го јадете во поголеми количини, а луѓето со вишок килограми исто така можат да го консумираат без страв, бидејќи има само 34 калории во сто грама, малку шеќер, без оглед на тоа колку е слатка.

Исто така, содржи многу минерали и витамини. Богата е со калиум поради значителната содржина на витамин А, а бидејќи содржи и витамин Ц, калциум, магнезиум, фосфор и биотин, дињата треба да се консумира во големи количини.

Експертите тврдат дека бета каротенот од дињата помага во борбата против ракот на белите дробови, но исто така и кај ракот на грлото на матката, желудникот и оралните форми. Растителните влакна имаат корисен ефект врз чистењето на организмот од штетни материи и се вистински рецепт за лекување на надуеност, а другите придобивки ќе ве изненадат.

Дињата е богата со фитонутриенти кои го зајакнуваат имунитетот и помагаат во борбата против многу болести. Тие исто така имаат антиинфламаторни својства, што е важно во борбата против воспаленијата. Витаминот А го зајакнува имунитетот и го стимулира производството на бели крвни клетки.

Редовното консумирање на диња е одлично за убавината на кожата и косата. Ова се должи на влијанието на витамин А, неопходен за производство на себум, кој ја навлажнува кожата и косата и е од суштинско значење за нивниот раст.

Потрошувачката на храна богата со калиум помага во регулирање на нивото на натриум, што е важно во третманот на висок крвен притисок. Калиумот му помага на телото да ослободи вишок натриум и со тоа го намалува високиот крвен притисок.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More