– Некои деца имаат повеќе, а некои многу помалку можности од останатите и затоа настојувам никогаш да не ги заборавам оние на коишто вниманието и грижата им се најпотребни.
На овие прекрасни млади луѓе од срце им посакав добро здравје и многу радост и среќа во новата година, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани, кој во придружба на раководниот тим на претпријатието и претседателката на Управниот одбор, Маја Шајновска Андова, помина еден ден во дружење со учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ и Посебното основно училиште „Иднина“.