30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Директорот на охридска болница: Секретарот се вакцинираше зашто во ковид центарот носеше боци со кислород!

Најчитани вести

Секој што сака имаше право да се вакцинира и не можам да поверувам дека за ова се прави проблем. Ние имавме здравствен кадар кој заболе и имаше антитела и не се вакцинираше, не го зел местото на ниеден здравствен работник, вели доктор Балески за „Слободен печат“.

Секретарот на болницата во Охрид, Антонио Наумоски се вакцинирал против Ковид 19, затоа што влегувал во ковид одделението на болницата, бил меѓу пациентите и ги придружувал екипите кои биле испратени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да прават инспекции во болницата. Ова за „Слободен печат“ го тврди директорот на болницата доктор Горан Балески откако министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе следат санкции зашто болницата вакцинирала во приоритетна група некој што не бил здравствен кадар.

-Не ми се верува дека за една вакцина прават проблем. Ова не е правник со канцелариска работа, туку секретар на болница кој ако дојде комисија од Инспекторат влегува внатре со нив во делот за ковид пациенти, облекува скафандер. Тој не одбива работа, со мене заедно има растоварано боци со кислород и сме ги носеле во ковид одделението. Ние кога имавме 111 болни пациенти од ковид во болницата, ние моравме и сами да растовараме и да носиме боци со кислород. Нас мајстор не ни влегуваше да ни поправи чешма или да ни смени сијалица во тоа ковид одделение, сами сме влегувале. Педесет боци сме растовариле ние двајцата сами и сме ги однеле во ковид одделението. Секој што сака имаше право да се вакцинира и не можам да поверувам дека за ова се прави проблем. Ние имавме здравствен кадар кој заболе и имаше антитела и не се вакцинираше, не го зел местото на ниеден здравствен работник, вели доктор Балески.

Стапивме во контакт и со Наумоски кој исто така е вџашен и во неверување дека затоа што се вакцинирал ќе се соочи со дисциплинска постапка.

-Јас сум секретар на болница тоа не е обичен правник. Не е канцилариски човек изолиран во управа. Во конкрентиот случај ние имавме списокк кој требаше да го направиме за 24 часа на барање на Министерството за здравство. Примањето на вакцината беше во Скопје и голем број се откажаа доброволно заради трошокот за транспорт. Други доктори беа позитивни и имаа антитела, други беа болни од ковид во моментот. Бројката е минимална и едвај го пополнивме списокот. Само бев прашан од службите дали сакаш да примиш вакцина и одговорив потврдно. Кај што ме известија, дојдов, со сопствено возило, не толку од што бев исплашен од коронавирусот туку за да ги мотивирам другите да примат, да дадам пример. Јас сум човек кој работи директно во кризниот штаб, учествувам на стручни состаноци и сум цело време со лекарите. Не знам што да кажам повеќе, цела 2020 година не сум зел еден слободен ден, ни рече Наумоски.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа преку статус на Фејсбук ова го оцени како ,,злоупотреба при процесот на вакцинација”.

„Силно ја осудувам злоупотребата при процесот на вакцинирање! Во овој момент клучно е да се вакцинираат приоритетните групи на граѓани, а поради тоа е изготвен и самиот Национален план за вакцинација. Ќе се ревидираат листите на вакцинирани и секој што ја злоупотребил својата позиција или контакт ќе биде соодветно санкциониран“, порача Филипче.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести