16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ станува дел од Извршниот одбор на СДСМ

Најчитани вести

Освен директорката на Клиниката за пластична хирургија за пластична хирургија, Софија Пејкова, и директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ станува дел од Извршниот одбор на СДСМ. Двете важат за блиски до министерот за здравство Венко Филипче. И гинекологот на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ана Данева Маркова станува дел од Извршниот одбор на партијата, соопшти лидерот на партијата Зоран Заев по завршувањето на 26. конгрес на партијата.

Дел од ИО се и Стефан Богоев, Нина Фити, Димитар Ковачевски, Костадин Костадинов, Андријана Будимир, Благој Бочварски, Рената Јајоска, Петре Шилегов, Мухамед Зекири, Мелиса Ценовска Серафимовска, Никица Бачоски, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Јована Трпчевска, Васко Ковачевски. Организациски секретар е Мартин Попов.

Во однос на Централниот одбор кој брои 120 членови, Заев рече дека две третини се нови членови и дека партијата со изборот на членовите направила спој на искуството и новата енергија. Застапени се родовата и возрасната еднаквост. Во новиот состав на ЦО има луѓе, додаде Заев, од различни сфери, кои се докажале во своето делување, а не биле дел од партиските структури: правници, економисти, социолози, медицински лица, лекари, специјалисти…

„Новиот состав на ЦО е доказ дека СДСМ продолжува да се менува. Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување. Овој состав е нова свежина, гарант дека промените во СДСМ не се случајни и стихијни, туку дека се континуитет со кој уште попосветено им служиме на граѓаните и државата. Тимот што победува не се менува, туку го надградува победничкиот менталитет“, нагласи Заев.

Во новиот состав на Надзорниот одбор на СДСМ членуваат девет лица, меѓу кои и досегашниот претседател Горан Сугарески.

Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски и Мила Царовска се избрани за нови потпретседатели на СДСМ на вечерашниот Конгрес. Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата. По речиси три децении на клучни партиски позиции, заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска се повлече од функцијата, а на нејзино место, на предлог на Заев и со 682 гласа „за“ и два „против“, беше избрана актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Заев изјави дека две третини се нови членови и дека тие ги поминале сите филтри низ органите на партијата и дека приоритет бил нивната стручност.

Лидерот на владејачката партија порача дека СДСМ почнува ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, ред, правда и дисциплина, неселективно владеење на правото, европски стандарди дома, реализација на инфраструктурни проекти. Врвен приоритет, напомена Заев, е и „зелената агенда“, замената на јаглен со гас.//A1on.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести