10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Дипломатот Миленкоски преку писмо кажа дека САКА ДА МУ СЕ СУДИ ВО МАКЕДОНИЈА

Најчитани вести

Македонскиот дипломат Миле Миленоски кој беше уапсен во Србија и за кого беше распишана потерница од Ерменија, испрати писмо во кое тој вели дека е невин и бара да му се суди во Македонија.

„Жалам што поради тоа што покрај мојот углед, со овој настан беше нарушен и угледот на МНР и на Владата на РСМ. За ништо на светот не би наштетил на мојата чест и углед, на семејството, на Министерството кое ми даде се во животот, ниту на Владата на РСМ. Бидете уверени дека ни во овој случај нема никаква вина кај мене, ниту прекршок, ни кривично дело, што е случај во целиот мој живот и кариера. Секако, тоа ќе го покаже и истрагата. Дотогаш, молам да се воздржите од шпекулации и непроверени информации“, пишува дипломатот во писмото кое неговото семејство го доставило до Слободен печат.

Тој наведува дека од судот му биле доставени доказите од Ерменија и уверува дека во нив нема ништо што би укажувало на негова вина.

„Копија од доказите е доставена до надлежните институции во РСМ, која верувам дека е правна држава и, оттаму, верувам дека надлежните ќе покренат брза постапка, со оглед на фактот дека во доказите за случајот се опфатени 7 лица, од кои 6 се државјани на РСМ. Притоа, РСМ би побарала од Република Србија да бидам префрлен во РСМ. На овој начин правдата би била задоволена и случајот комплетно разрешен, што е моја најголема желба во моментов“, наведува тој.

Во случајот „Ерменска врска“ се работи за скандалот што се случи во таа држава кога тројца македонски дипломати, со приватен авион и дипломатски пасоши во 2019 година го извлекле од Ерменија македонскиот бизнисмен Димитријевиќ кој бил обвинет за измама во Ерменија пред две години. Македонскиот дипломат Миле Миленкоски е во екстрадициски притвор во Врање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com