13.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Дино Мерлин: „Ретко кој има среќа да ја запознае својата сродна душа!“

Најчитани вести

Босанскиот пејач и кантавтор искрено за љубовта со сопругата Амела со која е заедно 40 години.

За уметноста не е доволна само емоцијата. Неопходен е и оној невидлив мост на мудроста за да успеете сето она што го чувствувате во себе да го преточите во слика, нота, збор…. Сето ова во себе го има босанскиот пејач и кантавтор Дино Мерлин. Токму поради тоа и опстојува на музичката регионална сцена толку години. Како и секој врвен уметник, тежнее кон едноставност и демистификација, скромноста е негов заштитен знак, а семејството и љубовта со сопругата Амела со која е заедно цели четири децении е негова појдовна и финална точка во животот. Мерлин дефинитивно е човек од друга димензија, вљубеник е во стари велосипеди, несомнено е балкански бард, автор со чии стихови тагуваме, плачеме, сакаме, љубиме… Во интервју за „Бекстејџ“, Мерлин отворено зборуваше за кариерата, животот, турнејата „Хотел Национал“, настапот во Скопје по повод дочекот на Нова Година./skopje24.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести