Home » Дино Мерлин одржа концерт, а сите скандираа: „Ноле, Ноле“

Дино Мерлин одржа концерт, а сите скандираа: „Ноле, Ноле“

by Журнал.мк

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ доби громогласни овации на концертот на Дино Мерлин кој во саботата вечерта се одржа во Тиват!

Имено, Ѓоковиќ се одмара во Црна Гора и слободното време го искористи да оди на концертот на Мерлин, каде многу брзо беше забележан.

Затоа, не е изненадувачки што неговата слика се појави на видео екранот не многу подоцна.

Мерлин, како што пренесуваат медиумите од местото на настанот, раскажал анегдота поврзана со Новак и финалето на Вимблдон, а публиката потоа почнала да го скандира неговото име.

По Вимблдон, Ѓоковиќ помина три дена во Високо, каде го отвори теренот и се измеша со навивачите, а потоа се упати кон Котор.

“Nole, Nole, Nole” 🗣

Таму повторно се сретнал со познатиот учител за капеира, Бразилецот Марсело Сантос, кој веќе тренирал со Ѓоковиќ кога станува збор за оваа традиционална боречка вештина.

Прво, тие го одработија својот тренинг со искачување по познатите скали до врвот, што бара многу кондиција и сериозен напор, но Новак и тимот што беше со него, очигледно тоа не беше проблем.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk