17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Дино Имери со концерт во МКЦ на 5 март

Најчитани вести

Дино Имери, веќе етаблирано име на домашната сцена кој третира класична музика, ќе има свој концерт на 5 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Концертот е во организација на ПМГЏЕЗ, од каде соопштуваат дека Имери е релативно млад, има само 30 години, а веќе за еден од водечките и врвни пијанисти, кој редовно можете да се следи на репертоарот на Македонската филхармонија, но и како гостин на странски реномирани куќи.

„Неговиот труд и посветеност резултираат со постојан развој, па оттука и здравата амбиција за пишување сопствена музика. Всушност, преку ова издание за ПМГЏЕЗ, сведочиме за неговата трансформација од фантастичен изведувач, во извонредно потентен композитор“, стои во најавата за концетот.

Организаторите потенцираат дека „Рефлексии“ е негово прво издадено авторско дело, кое веднаш плени со својатаата кротка флуидност и паметна убавина. Медитативна потрага по сопствен израз, познати и непознати улици и сето тоа без претерана дистанца, отворен за комуникација со слушателот.

„Освежувачко отсуство на непотребно интелектуализирање и подготвеност да гради мелодични мостови до љубопитните уши. Се чини ова е само почеток на една возбудлива музичка афера, или ако сакате композиторска кариера. Оваа музика ви е потребна. Парче убавина, сосем неповрзано со било што од рутината на вашето напорно секојдневие. Можност за кратко бегство во бестежинска состојба, без напуштање на планетата“, велат организаторите.

Прстите на Имери, на концертот ќе се одбиваат новата Yamaha клавинова – моделот CLP-765GP кој вклучува технолгија која, велат организаторите, беспрекорно го доловува искуство и чувството на свирење на концертно гранд пијано.

„Моделот е достапен и може да се проба/набави во ДоРеМи, со кои активно соработуваме , но и другаруваме веќе подолго време. Голема благодарност до нив, за слухот и гестот, кој многу значи за независна дискографска куќа, во време кое е немилосрдно кон изведувачките уметности. Поддршката од ДоРеМи, МКЦ и секако вас почитувана публико, е есенцијална во борбата за враќање на квалитетната музика во нашето секојдневие“, се вели во најавата на концертот.

Концертот ќе се одржи по сите стандарди кои ги почитуваме долж пандемијата од Ковид 19. Односно – маски, дистанца, хигиена.

Влез за публика во 19:30, концертот прецизно во 20 част.

„Лимитиран број на влезници (70), обезбедена дистанца. Билетите по цена од 300 денари на билетара, но ве охрабруваме да ги обезбедите онлајн и на време“, стои во најавата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести